| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес почуствуван во делови од Македонија

зем

Земјотрес со интензитет од 3 до 5 степени според европската макросезимичка скала е почувствуван утрово во делови од Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа земјотресот го регистрирала во 7 часот и 26 минути, а неговиот епицентар се наоѓа во Република Албанија, 110 км југозападно од Скопје.

Според макросеизмички податоци, овој земјотрес бил почувствуван во во Дебар со интензитет од 5 степени, Скопје и Тетово со интензитет од 3-4 степени и Охрид и Битола со интензитет од 3 степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top