Мажите обично се жалат дека „љубовта“ им приговара малку повеќе, а сега имаат и добра причина за тоа- истражувањето покажува дека постои повисока стапка на умирања на мажи во лубовна врска во која има чести кавги предизвикани од жените. Заради незадоволство од заедничкиот живот што притоа го чувствуваат, кај мажите во средни години за три пати е поголем ризикот од умирање. Мажите за разлика од жените имаат многу помалку луѓе со кои искрено разговараат и ги делат проблемите и грижите.
Опасноста демне кај оние мажи кои никогаш не разговараат за проблемите, што е причина и за зголемениот процент на смртност.
-Жените се единствените лица на кои мажите се доверуваат, а кога таа ќе стане извор на проблеми и нервози, мажите често паѓаат во депресија која лошо влијае на нивното здравје- заклучуваат истражувачите.
Колку да знаете, мажите под силен стрес се склони кон лоша исхрана, несоница, алкохол, што исто така влијае на здравјето.
Од друга страна, жените помалку се нервираат на приговарања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.