Најмалку 70 лица се убиени во воздушните напади над пазарот во градот Дума во реонот кој го контролираат опозицијата во Сирија, близу Дамаск.
Се смета дека 550 се повредени, соопшти ораганизацијата Доктори без граници.
Според Сириската опсерваторија за човекови права, бомбардирањето продолжува во тој реон, била погодена болницата, со што било отежнато помагањето на повредените од воздушната кампања.
Во четиригодишната војна во Сирија се убиени 250 илјади лица, на над 11 милиони се раселени од земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


