Зоран Заев во негов познат стил, вчера во само неколку часа даде две контрадикторни изјави. Стравот од соочувањето со народот и обидите да го избегне тоа го тера на различни размислувања и ставови, само да се избегнат изборите, а со губењето на препораката од Европската комисија да се наштети на власта, без оглед на последиците по сите граѓани од таквиот чекор.
Лидерот на СДСМ вчера прво порача дека очекува да се спроведе пржинскиот договор и да нема одложување на изборите. Попладнето, пак, излезе со нова изјава и го постави своето најново барање – да се одложи датумот за избори договорен во резиденцијата на ЕУ во Скопје. Тој посочи дека поради наводното пробивање на роковите за делови од договорот, изборите да се одржат на друг датум, а не на 24 април.
Евентуално одложување на изборите ќе значи директно кршење на договорот од Пржино. Со ова се потврдуваат и тезите дека СДСМ намерно делува за да дојде до пробивање на роковите и одложување на изборите. Анкетите објавени неодамна покажаа убедлива предност на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, а премиерот Никола Груевски има три пати поголема поддршка во однос на Заев. Овие податоци внеле големо разочарување меѓу членството во опозицијата и се повеќе преовладува увидувањето дека ова раководство ќе ги доведе до повторен пораз.
ВМРО- ДПМНЕ посочува дека СДСМ тенденциозно ги опструира преговорите, а Антонио Милошоски кој ги застапува ставовите на власта во преговорите додава дека социјалдемократите свесни за нивниот низок рејтинг, спроти поволните економски услови во Македонија на секаков начин се обидуваат да го закочат пеговарачкиот процес, а државата да не добие нова препораката за почеток на преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер