Министерот за економија Беким Незири денеска изјави дека состојбата во економијата зависи од епилогот од политичката криза и дека партиите кои учествуваат на преговорите мора да изнајдат решение. Оптимист е дека решение ќе има, а во спротивно, рече, земјата ќе има сериозни економски проблеми, како и сериозни политички проблеми.
– Јас сум оптимист и мислам дека сите фактори што учествуваат во преговорите треба да ги надминат дневно-политичките идеи и дневно-политичките политики на своите партии и да го гледаат интересот на државата како приоритет и да излеземе од кризата. Дел од економијата веќе трпи, тоа го најави и гувернерот на Народната банка, тоа го најавив и јас во моите излагања – дека е неминовно економијата да трпи зашто политичката криза е директно врзана со инвестициите, со трговската рзмена со другите држави и ние ќе трпиме штети, рече Незири по манифестацијата „Калдрма матине“.
На влијанието на политичката криза врз бизнисот укажаа и претседателите на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски и на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа.
– Ситуацијата има голем одраз, особено во малите и средните претпријатија чиј профит и успех се цени според потрошувачката на граѓаните, рече Темелковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот