Педесет и деветгодишен скопјанец бил претепан од тројца други заради предност во сообраќајот.
Полицијата извести дека се работи за 59-годишниот О.К. од Скопје, кој бил претепан од страна на 32-годишниот А.Н. и неговите сопатници, 24-годишниот А.Р. и 4 години помладиот С.К.
Инцидентот се случил на крстосницата на улиците „16 Македонска бригада“ и „Коце Металец“ кога О.К., кој се движел со автомобил марка „опел аксона“ бил преретнат од комбе „форд транзит“ управувано од тројцата насилници. Тие се скарале за тоа кој има предност во сообраќајот, по што го нападнале скопјанецот нанесувајќи му повреди во главата и расекотина на лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.