Искусниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска Дидие Дрогба и на 37.годишна возраст игра како во своите најдобри денови кога во дресот на Челси беше страв и трепет за противничките одбрани.
Тој летово се пресели во тимот на Монтреал во МЛС-лигата и за кратко време ги освои симпатиите на навивачите на својот нов тим. Дрогба одигра 12 натпревари пред завршување на сезоната во професиналната лига и успеа да биде стрелец на исто толку голови. Во плејофот неговиот тим стигна до четвртфиналето каде ќе ги одмери силите со Колумбус.
Сепак по завршувањето на натпреварите во МЛС Дидие Дрогба би можел да се пресели во јануарскиот преоден рок во екипата на Болоња во Серија А.
Монтреал и Болоња имаат ист сопственик и се очекува токму Дрогба да биде првото засилување за Болоња во зимскиот преоден рок како појзамен играч.
Дрогба со Монтреал има важечки договоро до 2017 година и според истиот заработува три милиони евра по сезона, со бонуси и правата на користење на неговиот лик и дело.
Болоња неодамна го смени тренерот Дели Роси и го донесе Роберто Донадони, кој бара квалитетни јануарски засилувања, а се споменуваат и фудбалерите на Милан Хозе Маури, Антонио Ночерино, Сосу и Андреа Поли, играчите со слаба минутажа кај Синиша Михајловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.