Рускиот патнички авион кој се урна на Синајскиот Полуостров е целосно уништен, изјави денеска претставник на египетските безбедносни служби од местото на несреќата.
Египетската Влада соопшти дека воени авиони ги открија остатоците од авионот во планински регион.
Египетските безбедносни служби истакнаа дека нема индиции дека авионот е соборен.
Меѓу 224 лица кои биле во авионот, кој летал од Шарм ел Шејк за Санкт Петербург, имало 17 деца, 200 возрасни патници и седум членови на екипажот.
– Египетски спасувачки тимови го пребаруваат местото на падот на авионот во областа Хашаба, јужно од Ариш на Синај, соопшти египетското Министерство за цивилен сообраќај.
Според најновите информации пронајдени се и првите тела, од кои пет се деца. Но, како што јавува „Ројтерс“ гласови на заробени патници се слушаат во еден дел од леталото, посведочиле наводно припадници на спасувачките екипи.
– Спасувачи се обидуваат да влезат во тој дел од авионот, се надеваме дека ќе најдеме преживеани – рекла една од спасувачките за „Ројтерс“.
Руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на неименунвани извори од меѓународниот аеродром во Каиро објави дека пилотот пред авионот Боинг А320 да исчезне од радарите побарал принудно да слета на најблизок аеродром.
Авионот бил на височина од над 9.000 метри кога пилотот известил за проблеми со радиостаницата и побарал принудно слетување. Потоа врската со авионот на руската воздухопловна компанија „Когалимавија“ е изгубена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Бизнисмен и неговото семејство загинаа во авионска несреќа
-
Четворица загинаа во авионска несреќа во Брегот на Слоновата Коска