Најмалку 27 лица загинаа, а 180 се повредени, од кои 25 се во критична состојба, во експлозија за време на концерт во главниот град во Романија.
Се претпоставува дека во букурешкиот клуб „Колекектив“ во моментот на несреќата се наоѓале околу 400 лица.
До експлозијата најверојатно дошло поради користење на пиротехнички материјали, кои предизвикале пожар во електричните инсталации. По силната екплозија, луѓето во паника трчале кон излезот и дошло до човечко стампедо.
Според тамошните медиуми, по екплозијата се срушил и дел од покривот на ноќниот клуб, што довело до уште поголем број на повредени.
Трагедијата се случила околу 22.20 часот.
Евакуирани се сите присутни. Полицијата изврши увид и се испитуваат причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.