| четврток, 6 декември 2018 |

Спојте ги дланките и откријте што ве чека во љубовта (фото)

Една рака може многу нешта да направи, но дури во спој со другата рака ја остварува својата потполна намена. Исто е и на полето на предвидување на судбината од дланка. Затоа спојте ги вашите дланки и погледнете што вашите здружени линии зборуваат за љубовниот живот, карактерот и иднината.

dlan-ruke

Доколку линиите ви се во иста височина

Вие сте многу чувствителна личност, со нежна природа, но исто така се раководите со здрав разум кога треба да донесете одлука. Не сакате изненадувања. Бидејќи сте свени дека се длабоко емотивно преживувате, обидете се да не реагирате избрзано. Добро промислете пред било што да кажете или пак да сторите.

иста линија

Затоа  постојат големи можности дека за животен партнер ќе одберете некој кој и вашата околина го одобрува. Вие не сте личност која оди сама против сите и во инает на се само врз основа на некој моментален импулс. Избраникот на вашето срце во исто време ќе биде и избраник на вашиот разум.

Доколку десната линија е над левата

деснна линија

 

Постарите луѓе многу ве почитуваат, но и вие во нив наоѓате адекватни соговорници и пријатели. Вие сте „стара душа“. Со вашата зрелост и интелектот секогаш сте биле пред своите врсници. Во нив не ја наоѓате мудроста која ви е потребна. Затоа постои голема шанса дека за животен партнер ќе одберете некој кој е постар од вас.

Доколку левата линија е над десната

лева над десна

Живеете брзо, импулсивно, се давате целосно во љубовта и обожувате предизвици. Голема е веројатноста дека спаѓате во исклучително привлечни и харизматични личности. Не дозволувате стравовите да ви управуваат со животот. Се обидувате секој ден да се победувате самите себе. Поради вашата импулсивна природа, можно е дека за животен партнер ќе одберете некој неочекуван. Личностите со ваквите линии на дланките често пати во наплив на страст влегуваат во брак со личности кои речиси и не ги познаваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top