Собранието на Република Македонија не ја усвои Информацијата околу иселување, особено на младите, поднесена од опозициските пратеници. За Информацијата, на денешното продолжение на 67. седница, гласаа 26 пратеници, а 51 беа против.
ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли тврдењата од опозицијата дека иселувањето на младите и на стручните кадри е масовно, со став дека миграцијата е глобален проблем, тренд секаде во Европа и Македонија не е исклучок, но, последниве години, напуштањето на државата евидентно се намалува пред се поради отворените преку 100.000 нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.