| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово – најзагаден град во светот

tetovo
 Најзагаден град во светот – Тетово си го доби овој неславен светски рекорд. Интернет порталот Нумбео, кој објавува статистички податоци за квалитетот за животот, денеска ја прикажа листата на најзагадени градови, на која градот под Шара, е на првото место. Зад него е Каиро, а веднаш потоа државите Гана, Непал,Филипини, Индија. Тетовци веќе одамна стравуваат за последиците по здравјето.
Густиот сообраќај, грејната сезона, индустриските капацитети,сето ова влијае на аерозагадувањето. Во Еколошките друштва велат дека нема виновник поединец, туку треба да проработи свеста кај сите, и сите заедно да сеобидат да ги променат работите.
Од цела година, едвај 20-тина дена Тетово има чист воздух без покачени ПМ 10 честички. Тетово веројатно ќе го задржи својот неславен рекорд и во иднина, оти грејната сезона и промената на времето, допрва ќе го зголемат аерозагадувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top