| четврток, 6 декември 2018 |

„Ту челос“ првпат со концерт во Скопје

Хрватското музичко дуо „Ту челос“ ќе настапи пред македонската публика на 4 декември на сцената на скопската „Метрополис арена“.

F7BE1741403D2449AFCAFA278D210267

 

Ова е прв концерт на виолончелистите Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер во македонскиот главен град, откако летово вторпат настапија во Охрид, а свиреа и на прилепскиот „Пивофест“ во 2013 година.

Скопскиот концерт на „Ту челос“ е дел од оф-програмата на 17. издание на фестивалот „Таксират“, а организиран е во соработка со културната манифестација „Охридско лето“.

Во Скопје доаѓаат по концертите во Москва и Санкт Петербург, за веќе во јануари да заминат на турнеја во САД и Kанада. „Ту челос“ досега имаат три студиски изданија: 2CELLOS во 2011 година, I2ition во 2013 година, и годинешниот Celloverse, на кој првпат покрај преработките има и авторски материјал на Шулиќ и Хаузер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top