| четврток, 6 декември 2018 |

Буџетот за Специјалното обвинителство помина на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Собраниската комисија за финансирање и буџет на денешната седница ја разгледа Предлог-одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите и заклучи да се даде на понатамошна постапка во Собранието. Со Предлог­одлуката, како што појасни вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, се реалоцираат средства од буџетот за Специјалното јавно обвинителство (СЈО). ­

Katica Janeva specialen javen obvinitel (5) (Custom)

 

– Согласно Законот за јавно обвинителство за кривични дела кои се поврзани со незаконското следење на комуникациите Владата на Република Македонија е обврзана да обезбеди средства за непречена работа на Јавното обвинителство. Согласно финансискиот план средствата во износ од 63 милиони 420 илјади и 428 денари се наменети за работење и непречено функционирање на Јавното обвинителство за последниот квартал од 2015 година. Тие се обезбедуваат со намалување во разделот Министерство за финансии ­ функции на државата – рече Ставрески.

Нагласи дека со предложената Одлука за прераспределба на средства се предлага реалокација на средствата од буџетот на РМ од 2015 година, а согласно Законот за буџет за прераспределба помеѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите одлучува Собранието. ­

– Затоа очекувам оваа одлука да биде потврдена од Собранието на Република Македонија – рече Ставрески.

Финансиските средства на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се наменети за исплата на плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно обвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучувајќи и средства за советувања и мислења од експерти, средства за професионално унапредување, средства за одржување на просториите и опремата, како и капитални инвестиции на Јавното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top