| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен бројот на работници во индустријата во септември

индустријаБројот на работници во индустријата во септември е зголемен за 1,2 проценти во однос истиот период минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст има во секторот Преработувачка индустрија од 1,6 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4 проценти, додека намалување на бројот на работници има во секторот Рударство и вадење камен за 2,8 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците е зголемен кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти и Капитални производи за 16,8 проценти, а опаѓање кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,6, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 проценти и Енергија за 1,7 проценти.

Во периодот јануари – септември бројот на работници во индустријата е зголемен за 1,7 отсто во споредба со истиот период 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top