| четврток, 6 декември 2018 |

Скопската публика одушевена од гостите Корејци (ФОТО)

Со стоечки овации, аплаузи и извици за уште, синоќа во преполниот Македонски народен театар во Скопје беа отворени првите „Денови на Корејска култура“ во Македонија.

Повеќе од 650 посетители имаа несекојдневна и уникатна шанса во живо да уживаат во музичкиот концерт, „Музика и ритми од Кореја“, на кој настапија „Булсечул“ и „Нанта“.

IMG_4046

Светски познатиот ансамбал „Булсечул“ во Скопје ги пренесе звуците на традиционална корејска музика со модерни импровизации, кои ја одушевија публиката, a громогласниот аплауз на крајот од нивниот настап беше наменет за преработката на македонската песна „Зајко Кокорајко“.

IMG_3902

 

Вториот дел од концертот беше комичниот музички невербален настап на „Нанта“. Токму „Нанта“ со своето акробатско кулинарско шоу прикажано низ комичен перформанс на едно место го има собрано најголемиот број на гледачи во историјата на корејскиот театар. Колку навистина Македонија имаше уникатна шанса синоќа е фактот дека „Нанта“ е првото азиско шоу кое се појавило на Бродвеј, а нивниот театар кој е отворен 365 дена во годината, а го имаат посетено над 1 милион странски посетители.

IMG_4003 IMG_4001 IMG_4007

IMG_4028

– Мое големо задоволство е да ѝ го претставам на скопската публика големиот изведувач од ансамблот „Булсечул“ и невербалниот музички изведувач „Нанта“. Ова е првпат да се одржува настан од ваков вид во Скопје и се надевам дека сите ќе уживате во него и дека ќе стане традиција секоја година. Ќе ја имаме можноста да слушнеме седум традиционални музички интрументи: gayageum, geomungo, daegeum, piri, haegeum, ajeng, janggu од Bulsechul на Nanta, како и акробатско готвачко шоу, изненадна свадбена церемонија и возбудливо претставување на корејски специјалитети. Во оваа сала, ќе нè обедини музиката како универзален јазик кој ги надминува различните идеологии и други разлики. Јас сум цврсто убеден дека преку уметност и култура можеме да научиме повеќе еден за друг, наспроти географската оддалеченост помеѓу Кореја и Македонија. Дозволете ми да му се заблагодарам на Министерството за Надворешни работи, Министерството за Култура и Националниот Театар во Скопје, за нивната помош и поддршка за да се организира денешниот настан, изјави синоќа на сцената на Македонки Народен Театар при отворањето на манифестацијата, Амбасадорот на Република Кореја во Бугарија, Шин Менг-хо

IMG_3880 IMG_3876 DSC_0360

Денеска и утре (30 и 31 октомври) во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи „Корејска филмска одисеја“. За време на овие два дена, македонската јавност ќе има можност да погледне некои од најпопуларните корејски филмови: „Ода за татко ми“ (Ode To My Father), „Маскенбал“ (The Masquerade), „Монструмот“ (The Host), „Тајно, величествено“ (Secretly, Greatly), „Кралскиот кројач“ (The Royal Tailor). Освен „Корејската филмска одисеја“ на 30ти и 31ви октомври во Кинотеката на Македонија, сите македонски граѓани ќе имаат можност да ја погледнат изложбата слики на платно со мотиви од Сеул на уметникот Симон Калајџиев и изложбата на фотографии „Впечатоци од Кореја“. Оваа изложба ќе ни ја долови  убавината на корејската традиција, истражувајќи ги модерните пејсажи, вкусовите на корејската кујна и скиците на еден патник.

12063798_846154948833176_6677486283325651693_n

Влезот за сите проекции во Кинотека на Македонија е бесплатен, а денешниот настан започнува во 19.00 часот.

Повеќе за настанот можете да дознаете на официјалната страница на „Фејсбук“ на Амбасадата на Република Кореја во Бугарија https://www.facebook.com/Korean-Embassy-in-Bulgaria-136183786485879/, како и на официјалниот настан https://www.facebook.com/events/785207434940347/

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top