| четврток, 6 декември 2018 |

Денови на корејската култура во Скопје

Првпат во Македонија се организираат Денови на корејската култура во Скопје каде што сите заинтересирани ќе можат да уживаат во корејската музика, кинематографија и фотографија. Манифестација ќе се одржува од 29. до 31. октомври, организирана од страна на Амбасадата на Република Кореја во Бугарија.

На 29. октомври во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се оддржи музички концерт, „Музика и ритми од Кореја“. Скопје ќе има уникатна можност да слушне традиционална корејска музика изведена од светски познатиот „Бул-се-чул“ ансамбл и мега популарните „Нанта“ – несекојдневно шоу.

На 30. и 31. октомври во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи „Корејска филмска одисеја“. На 30. и 31. октомври во Кинотеката на Македонија, сите македонски граѓани ќе имаат можност да ја погледнат изложбата слики на платно со мотиви од Сеул на уметникот Симон Калајџиев и изложбата на фотографии „Впечатоци од Кореја“.

Влезот за сите настани е бесплатен.

tegeum, piri,

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top