Неколку години околу 500.000 Кинези на на возраст од 30 до 79 години биле набљудувани при што е покажано дека луѓето кои секојндевно јаделе зачинета или лута храна живеат подолго.
Луѓето кои редовно јадат лута храна не само што си го продолжуваат животниот век, туку имаат и помали шанси да добијат некоја тешка болест, како што е ракот, срцеви и респираторни заболувања, тврдат научниците.
- Нашата анализа покажува врска меѓу консумирање зачинета храна и должината на животот, како и смалување на морталитетот. Нашите разултати ги поткрепуваат досегашните истражувања, кои укажуваат на потенцијално заштитено влијание на зачинетата храна врз здравјето на човекот – се истакнува во студијата на меѓународна група истражувачи, објавена во магазинот „Бритиш медикл журнал“.
Истражувачите претпоставуваат дека главна улога има капсаицин – активна супстанција што се наоѓа во лутите пиперки и која има антиоксидантско и антиупално дејство што помага во борбата против дебелината и појава на карциногени заболувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.