
Секој понекогаш сака да касне и лута храна, која има свои предности.
1. Помага при слабеење
Дополнително зачинета храна доведува до намалување на телесната тежина. Истражувањата покажале дека лути феферони содржат капсаицин, состојка која му помага на телото да ги согори вишокот калории.
2. Спречува карцином
Истражувањата покажале дека капсаицинот во лутите феферони ги убива ќелиите на рак. Овој лут зеленчук помага во борбата против настинки, служи како превенција од мозочен удар, а спречува и дебелеење.
3. Го штити срцето
Лутите пиперки штитат од болести на кардиоваскуларниот сисмет, го намалуваат ризикот од инфаркт и од мозочен удар, како и штетното влијание на лошиот холестерол.
4. Го намалува крвниот притисок
Научно е докажано дека лутите пиперки го намалуваат крвниот притисок и ги отпуштаат крвните садови.
5. Ослободува од бес
Лутата храна поттикнува производство на серотонин, хормон поради кој луѓето се чувстуваат добро. Поради тоа лутата храна е корисна во борбата против депресијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


