| четврток, 6 декември 2018 |

Секс традиции ширум светот

Ширум светот се практикуваат необични сексуални обичаи, па така во Нигерија се крадат сопругите, а во Папуа Нова Гвинеја се пие спермата како тест за влез во светот на машкоста!

devojki

Нигерија- се крадат жените. Во африканското племе Водабе од Нигерија, браковите ги посредуваат родителите додека децата се уште малечки и тоа најчесто помеѓу роднини. Меѓутоа, еднаш годишно, за време на фестивалот Гервол, машките припадници на ова племе се маскираат и ги крадат жените. Ако украдат жена, без нејзиниот маж да примети, новопечениот пар станува и општествено признаен. Ваквите бракови се викаат брак од љубов.

Непал ја делат жената. Додека во африканските племиња ги крадат жените, во хималајските браќата ја делат. Па така, жената во Непал кога ќе се омажи за својот сопруг, всушност се мажи за целото семејство и сите браќа имаат еднакви права врз неа. Полиандријата се развила поради сиромаштијата. Со брак земјиштето се дели и секој од браќата има право на дел од земјиштето, а бракот со една жена ја спречува ваквата поделба на имотот.

Папуа Нова Гвинеја – пијат сперма.  Во овие племиња момчињата се одделуваат од семејството на седум години и живеат исклучиво помеѓу момчиња до својата 10-та година. Со цел да се “исчистат” од жените ставаат пирсинг, предизвикуваат крварење од носот и повраќање и пијат големи количини шеќер од шеќерна трска.

Составниот дел од нивното созревање е и пиење на спермата од старешините. На овој начин тие зајакнуваат и стануваат попосакувани. Кога ќе се вратат помеѓу жените продолжуваат да си предизвикуваат крварење од носот во исто време кога нивните избранички имаат месечен циклус.

Племето Тробриандерс играат еротски игри – Сексуалниот живот во племето Тробриандерс во Нова Гвинеја започнува во периодот од 7-мата до 8-мата година. Децата во овој период играат сексуални игри и започнуваат да имитираат сексуално однесување. Четири до пет години потоа започнуваат да бараат вистински сексуални партнери и често ги менуваат. Жените, како и мажите, одлучуваат во изборот и менувањето партнери, а ваквото однесуавње дури и се охрабрува.

Нема традиционален брак, но врската се признава како заедница доколку парот заедно јаде најмалку година дена. Жените остануваат во домовите на својот љубовник, наместо да се вратат дома утредента и чекаат мајката на љубовникот да им донесе јадење. Откако ќе го изедат ова јадење и ваквата традиција продолжи цела година, тогаш бракот е признаен.

Педофилијата во Античка Грција – Во Античка Грција педофилијата била честа појава, сексуални односи помеѓу постари мажи и млади момчиња. Со тоа, момчето се сметало за момче се додека не започне да му расте брада. Постарите мажи го подучувале својот љубовник, го штителе и му биле пример. Но врската со момчиња помлади од 12 години се сметала за несоодветна.

Мастурбација на Фараоните во јавност – Во древниот Египет мастурбацијата на фараоните во јавност не се поврзувала со секс туку со плодноста. Фараоните мастурбирале во реката Нил, верувајќи дека така ќе се зголеми дотокот на вода. Според верувањето, дотокот на вода во Нил се зголемил по мастурбацијата на египетскиот бог Атум.

Печена кожичка за влез во светот на мажите – Припадниците на аборџинските племиња Мардудјара ги обрежувале момчињата на 15 години со оган. Крвта која се цедела би требало да го исчисти и да го направи маж. Отстранетата кожичка, испечена на оган момчето требало да си ја изеде и дури тогаш станува маж. Со јадењето на кожичката момчето го јаде “момчето” во себе. Откако кожата на гениталиите ќе им заздрави, пенисот се сече по должината понекогаш и до самиот скротум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top