| четврток, 6 декември 2018 |

„ЕУ репортер“ и „ЕУ тудеј“: Лидерот на македонската опозиција фатен во срамна лага

Влијателните медиуми од Европската унија денес на големо пишуваат дека лидерот на македонската опозиција Зоран Заев е фатен во лага. Во нивниот извештај стои дека додека политичките лидери се познати по тоа што се економични кога станува збор за вистината, многу ретко се обвинети за лажење и тоа од страна на нивните билатерални партнери.

Јавноста беше сведок на жешките шлаканици, кои Заев, по лажните изјави, ги доби од официјалните лица од Израел. Неговите изјави кои беа директно демантирани од лица со кои тој оствари средба, се уште една потврда дека СДСМ секогаш се фаќа во лага, но и постојано токму лагите ги користи како начин на однесување. Лажните ветувања, лажните изјави станаа секојдневие во работењето на СДСМ и нивниот партиски лидер.

eu-reporter

За ова пишуваат и двата влијателни бриселски медиуми „Еу репортер“ (EU reporter) и „ЕУ тудеј“ (EU today), кои во своите текстови наведуваат дека потегот на Заев го поткопа неговиот личен кредибилитет, како и дека неговот однесување не само што е штетно за билатералните односи со Израел туку и за меѓународниот углед на Македонија.

Но, оваа срамна политичка ситуација сега му виси на глава на Зоран Заев, лидерот на опозицијата во Македонија. Овој скандал не само што го расипа неговиот кредибилитет туку се заканува дека ќе го стави на ризик меѓународниот углед на Македонија. Дебаклот се случува кога Зоран Заев го посети Израел на 13 октомври за да се сретне со заменик  претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Силван Шалом. Заев за медиумите во Скопје изјави дека во Израел разговарале за унапредување на соработката помеѓу двете земји, земјоделство, енергија, менаџирање со вода и олеснување на телекомуникациската соработка. Исто така дека, разговарале за соработката која Македонија ја има веќе воспоставено во областа на одбраната и за образование на Армијата, пишуваат влијателните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top