| четврток, 6 декември 2018 |

Турците в недела избираат нов Парламент

­ Граѓаните на Турција со право на глас в недела ќе излезат на втори парламентарни избори оваа година, во услови на политичка настабилност и зголемени безбедносни закани.

turci

 

Изборите се одржуваат во атмосфера кога кај Турците се чувствува замор од ветувањата на партиите, за што доказ е и летаргичната атмосфера во која минуваше изборната кампања.

Собирите во текот на оваа кампања беа многу помалубројни и послабо посетени од оние пред изборите во јуни годинава, кои донесоа поделен Парламент во кој не можеше да се формира мнозинство за стабилна влада, што доведе и до негово експресно распуштање и распишување на нови избори.

Според некои аналитичари, главен виновник за предвремените избори е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој својата амбиција за воведување претседателски систем во земјата и за засилување на неговта моќ, ја ставил пред интересите на земјата. ­

– Овие избори се еден вид последна шанса за Ердоган, смета Гарет Џенкинс, стручњак за Турција при Институтот за политички истражувања „Студиска програма на Патот на свилата“. Џенкина смета дека потезите на Ердоган личат на однесување на „очајник“, нагласувајќи дека се чини дека се ближи крајот на неговата доминација на политичката сцена во Турција.

Дали Ердоган и натаму ќе биде највлијателната политичка фигура во земјата ќе зависи од резултатите на неговата исламиско­конзервативна Партија на правдата и развојот (АКП), која во јуни го загуби мнозинството во Парламентот по цели 13 години.

Во изминатава деценија АКП доминираше на партиската сцена на Турција, што му овозожи на Ердогана да ја зацврсти својата политичка моќ. На врвот на својата популарност во 2013 година, Ердоган уживаше поддршка на околу 62 процнети од населението, но сега, според најновите истражувања, повеќе од половина од Турците имаат негативно мислење за него, а само 39 проценти се уште го поддржуваат. Ваквиот пад на популарноста на Ердоган се одрази и на рејтингот на неговата АКП, која од 49,8 проценти на изборите во 2011 година, падна на 41 отсто на јунското гласање.

Дури и со ваков резултаат АКП ќе можеше да го задржи мнозинството во Парламентот, но во тоа ја оневозможи Демократска партија на народите (ХДП), во која доминираат Курдите, која освои изненадувачки 13 отсто од гласовите и доби 80 пратеничките манадати, од кои најголемиот број на сметка на АКП.

Во пресрет на овие избори последниве месеци се интензивираше насилството во Турција, откако Курдската работничка партија (ПКК) објави крај на едностраниот прекин на огнот, кој беше прогласен во рамки на мировниот преговори што ги иницираше Ердоган во времето кога беше премиер.

Интензивирањето на судирите резултираше со стотици загинати турски војници, курдски борци и цивили и со серии воздушни напади на турското Воено воздухопловство врз позиции на ПКК во северен Ирак.

Врвот на насилството се случи на 10 октомври во Анкара, кога при напад на мировен собир загинаа околку сто луѓе. Властите како одговрни за нападот ја посочија џихадистичката група Исламска држава и организации поврзани со неа.

Но, овој најкрвав терористички напад во поновата турска историја, наместо да ја обедини Турција, доведе до нови поделби, засилкувајќи ја екстремната политичка поларизација во земјата.

Ваквата состојба, според последните анкети на јавното мислење, не доведе до занчајна промена на расположението на гласачите, па аналитичарите очекуваат распоредот на силите во новиот Парламент да не се разликува значително од оној по изборите во јуни.

Анкетите покажуваа дека АКП на овие избори може да очекува меѓу 43 и 43,3 проценети од гласовите, социјалдемократската Републиканска народна партија (ЦХП) меѓу 26,1 и 27,4 порценти, десничарската Партија на националистичкото движење (МХП) меѓу 14 и 14,9 отсто, а ХДП 12,2 проценти. Ниту една друга партија нема шанси да го мине изборниот праг од 10 отсто.

На изборите во јуни АКП освои 40,87 отсто од гласовите, ЦХП 24,95, МХП 16,29 и ХДП 13,12 проценти.

Директорот на истанбулскиот институт „Едам“, Синан Улген смета дека намалувањето на поларизацијата во земјата ќе биде можно единствено ако по изборите в недела се формира коалициска влада на што поширока партиска основа.

А

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top