| четврток, 6 декември 2018 |

Лукаку на крајот од сезоната се сели на „Паркот на принцовите“ за 40 милиони фунти!?

lukaku

Белгискиот фудбалер во Евртон Ромелу Лукаку од следното лето би можел да го облече дресот на ПСЖ како замена за првата ѕвезда во тимот, Златан Ибрахимовиќ.
Медиумите на Островот откриваат дека Лукаку за сума од 40 милиони фунти идното лето ќе се пресели на „Паркот на принцовите“, а трансферот го планира Мино Рајола, агентот на Ибрахимовиќ, кој од неодамна е и агент на Лукаку.

– Разговараме со менаџерот на Евертон, Роберто Мартинез, и тој се изјасни дека за добра сума клубот би му дозволил на Лукаку да си замине. ПСЖ е силно заинтересиран за неговите услуги – истакна Мино Рајола.

Лукаку за 28 милиони фунти дојде од Челси во Евертон и потпиша договор за петгодишна верност на „Гудисон парк“. Но, доколку ПСЖ влезе во играта, тогаш лесно може да се случи тој да се пресели во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top