| четврток, 6 декември 2018 |

Кина ги предупреди САД: Не предизвикувајте војна

Кина денес го опомена САД дека дејствијата на американската морнарица во Јужнокинеското Mоре можат да предизвикаат војна, дури и поради безначаен инцидент, пренесуваат агенциите.
amerika-sad-brodovi-razaraci
Командантот на кинеската морнарица Ву Шенли во текот на вчерашната видео конференција со својот американски колега, началникот на морнарските операции на САД, Џон Ричардсон, ги означи постапките на САД во Јужнокинеското море како “опасни и провокативни”, пренесува Ројтерс повикувајќи се на соопштувањата на кинеската морнарица.

– Без оглед на неколкуте разговори и одлучното противење на владата на Кина, американската страна го упати ракетниот разорувач УС Ласен во областа на кинескиот остров Наншa. Таквите постапки на САД претставуваат закана по суверенитетот и безбедноста на Кина, и им нанесуваат штета на мирот и стаблноста во регионот. Тие се исклучително опасни и провокативни, изјавил Ву.

САД во вторникот, на 27-ми октомври, го упатија разорувачот USS Lasen во патрола во близина на вештачките острови од архипелагот Спретли, приближувајќи се на растојание од 12 наутички милји.

Истиот тој ден амбасадорот на САД во Кина, Макс Бокус, беше повикан во кинеското министерство за надворешни работи каде му била врачена и протестна нота, а постапките на САД биле оценети како крајно неодговорни, додека Вашингтон бил повикан за уште еднаш да размисли, како и тоа дека буквално од ништо прави проблем.

САД во повеќе наврати и порано соопштуваа дека нема да ги допуштаат обидите на Пекинг за просторот од 12 милји од крајбрежјето да го прогласи за свои територијални води, тврдејќи дека тоа не се однесува на вештачките острови, додека претставник на Пентагон наведе дека разорувачот пловел кај островите во рамките со меѓународните права во рамки на рутински операции.

Американското министерство за одбрана наведе дека американските сили ќе летаат, пловат и дејствуваат секаде, каде што тоа е овозможено со меѓународно право.

Кина со децении наназад се спори со многу земји во регионот околу територијалната припадност на низа од острови во Јужното Кинеско море, каде се откриени значајни залихи од јаглеводорот – нафта и гас.

Околу островите од архипелагот, со повеќе од 100 помали острови се спорат и уште неколку земји а помеѓу останатите тоа се и Виетнам, Филипини, Малезија, Тајван и Брунеј.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top