| четврток, 6 декември 2018 |

Српски политичар е еден од петте момчиња што се обиделе да ја силуваат Милица Костиќ (фото)

Томислав Николиќ, член на партијата СНС и член на Советот на МЗ Лазарица во Крушевац, е еден од петте насилници што се обиделе да ја силуваат Милица Костиќ (18), кој пред 41 година се убила скокајќи од единаесеттиот кат за да ја сочува својата чест. (детали за трагичниот настан прочитајте тука).

milica-zdravko-620x350

Во сеќавање на настраданата девојка, познатиот пејач Здравко Чолиќ ја испеа песната „Таа спие“.

Отслужил казна од девет години

Томислав Николиќ не сакал да го коментира трагичниот  настан.

– Јас сум член на СНС од основањето и не сакам да се враќам во времето од пред четири децении. Зошто ве интересира тоа, сега имам свое семејство. Зошто ме вознемирувате, зошто ме враќате 41 година наназад? Работам во водовод и имам уште три години до пензија. Ве молам да ме оставете на мир- изјавил за српскиот „Курир“ Николиќ, кој, според објавеното во медиумите, отслужил казна затвор од девет години поради страшниот настан во станот во кулата  во Крушевац.

CIFgcqR

U8eWFUV

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ на конференција за медиумите, која била одржана на 24 декември 2013 година, во времето додека бил градоначалник на Крушевац, на прашањето дали знае дека кандидатот на СНС Томислав Николиќ е поранешен осуденик, кажал: „Тој ја отслужи својата казна. Тој сега ги има истите права како и сите други граѓани“.

bratislav-gasic-foto-marina-lopicic-1446161695-773589

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top