Седумнаесет емигранти загинаа во двете нови несреќи во водите на Егејско Море, јавија грчките медиуми.
Кусо пред полноќ, синоќа грчките власти добиле сигнал за превртен чамец во регионот на Калимнос.
Првичните информации биле дека околу сто бегалци паднале во морето. Веднаш е почната спасувачка операција, при што досега се спасени 138 бегалци, а од морето биле извадени 14 тела.
Грчката крајбрежна стража трага по исчезнатите, а нивната точна бројка не може да биде утврдена. Во регионот дува силен ветер.
Рано изутринава покрај островот Родос глисер на крајбрежната стража спасил шест бегалци и извадил три тела од морето. Се трага по уште три лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)