Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба утринска магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од 14 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаба утринска магла. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Во сабота наутро по одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. За време на викендот ќе дува умерен североисточен ветер, кој ќе предизвика намалување на облачноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


