| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во семејството на Мирослав Илиќ (фото)

Познатиот пејач на народна музика Мирослав Илиќ денеска остана без неговиот татко Живота (91).

насловна

Таткото на пејачот починал денеска околу 15 часот од природна смрт.

166469_zabguca-foto-d-milenkovic303_f_1000x0

 

-Не ме прашувајте ништо, патувам – кажал Мирослав за порталот Ало.

Мирослав бил многу врзан за неговиот татко, бидејќи останал без мајка му кога имал 25 години.

Минатата година пејачот  инсистирал неговиот татко да му биде друштво на собирот на трубачите во Гуча,  а еднаш му посвети и концерт во белградскиот Сава Центар.

-Тој е мојата гордост и моето сѐ. Никогаш не ме посрамил. Инсистира да одам со него каде и да настапува, а секогаш го пречекуваат како голема ѕвезда. Срцето ми е полно кога ќе видам колку народот го сака – кажал Живота во една прилика за својот син.

Живота Илиќ ќе биде погребан во сабота, 31 октомври, во 13 часот на  гробиштата во родното место на Мирослав, Мрчајевци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top