Попладнево околу 18 часот избил пожар во подрумските простории на затворот во Тетово, при што четири лица се повредени, објави „Телеграф“. Пожарот избил во подрумските простории на затворот каде била сместена котларницата од системот за затоплување на објектот.
Во гаснењето на пожарот учестувале две противпожарни возила и пожарникарите успеале да го изгаснат и да спречат неговото проширување низ целиот објект поради излевањето на нафта од резервоарот во котларницата.
Четири лица кратко време згрижени во тетовската болница зошто вдишале чад, по што се вратени назад во затворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.