
Братот на еден од главните експоненти на СДСМ, Сашо Ордановски, Ванчо Ордановски, излезе со фрапантни навреди. Со навредите упатени кон сите граѓани на Македонија кои преставуваат експлицитен говор на омраза покажа омраза кон сопствениот народ.
Ванчо Ордановски е нескриен поддржувач на СДСМ. За него македонската нација била нација на злобни, глупи малициозни, неписмени и курвински луѓе, на кој им посакува сиромаштија.
Тој преку твитер на македонската нација и порачува „Нација на злобни, глупи, малициозни, неписмено, религиозни, ку*вински луѓе. Им пожелувам долга и тешка сиромаштија. Да копате по контејнери“.
Тој исто така посакува и да се сотре целото семе на таа нација, навредувајќи ги и прогласувајќи ја нација на дегенерици.
![]()
Говор на омраза е упатен и кон политичките неистомисленици од владејачкта ВМРО-ДПМНЕ пишувајќи дека се получудовишта, дегенирици, малоумни и дека е потребна нуклеарна бомба.

Говорот на омрза не е ништо не е ништо ново за СДСМ, судејќи според изјавите на главните луѓе од најголемата опозициона партија. Токму тие, како и нивните идеолози сметат дека народот е небањат, дека е стока, глупав, овца, дилетантски, цепаници недоделкани, будали. Ова се дел од зборовите и навредите изговорени од Пендаровски, Грчев, Најчевска, Тричковски, Фрчковски.
Стево Пендаровски на СДСМ на последните избори, за време на кампањата изјави„Таму се собрани во бачило“, мислејќи на над 90 илјади народ кој се собра пред Собранието на големиот народен собир на кој се обрати премиерот Никола Груевски. Со ова кажа Пендаровски дека всушност народот кој се насобрал од цела државата под мотото Македонија силна, се овци.
Не беше прва ваква изјава на Пендаровски. Тој претходно јавно изјави дека народот е стока.
– Вие имате една предност пред нив, вас не ве качуваат во комбиња како стока, туку гласате како граѓани со име и со презиме, рече Пендаровски за време на една посета на Лисиче.
Љубомир Фрчковски со потценување иронично и со доза на насмевка праша дали е ова елита- мислејќи на народот кој се собра на огромниот собир пред Собранието.
Мирослав Грчев од СДСМ за бугарска телевизија имаше срамна и понижувачка изјава за македонскиот народ.
-Само дилетант, само будала може да зборува за македонската култура, за македонската праисторија, во неолит и палеолит. Тоа во нормални земји би требало да биде како дел од пародии и комедии. Кај нас на тие луѓе им даваат микрофони и говорници сериозно да говорат и да го срамат својот народ, изјави тогаш Грчев.
Мирјана Најчевска е позната по навредите кон сопствениот народ.


Партискиот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов индиректно го навреди македонскиот народ, со констатација дека бил будала, преку пост објавен на својот Фејсбук профил.

За време на случувањата во Куманово на 9-ти мај, Шилегов се исмеваше со полицајците кои ја бранеа државата.
Шилегов во битката за политички поен покажа големо непочитување кон полицајците кои застанаа во одбрана на Македонија и ги ризикуваа сопствените животи, објави Денешен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ордановски: Заев ќе си ја плати цената за целава ситуација во Македонија
-
Пендаровски: Ако се подели Косово, прва колатерална штета ќе биде Македонија!
-
Стево Пендаровски поднесе оставка од пратеничката функција
-
Фрчкоски призна дека СДСМ свесно и намерно ја испровоцирале реакцијата на граѓаните (видео)


