Рано изутринава бил блокиран патот кој води од струшкото село Враништа кон селото Велешта, обајвува порталот „А1 он“. Според информации на веб-сајтот, повеќе граѓани го блокирале патот при тоа фрлајќи со камења кон автомобилите на граѓаните од околните населени места, а кои поминувале покрај овој патен правец по што настанала тепачка.
Според кажувања на граѓани, на местото на инцидентот била присутна полиција која презела мерки за утврдување на причините за инцидентот и работи на расчистување на истиот.
Инцидентот се случил по завршување на прославата на ДПА во Струга и, најверојатно, му претходел и друг инцидент. Неофицијално, во претходниот инцидент еден граѓанин бил повреден со нож, а имало и пукотници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.