| четврток, 6 декември 2018 |

Колку работи се потребни за да бидете среќни?

Истражувањата на австралискиот универзитет „Дикин“ покажале дека за целосно чувство на среќа потребно е да се исполнети три услови кои ги именувале „златен триаголник на среќата‟.

Трите фактори кои ја дефинираат среќата се добрите меѓучовечки односи, стабилната финансиска состојба и поседувањето на животна цел.

До овој заклучок истражувачите дојдоа врз основа на студии кои биле спроведени во периодот 15 години на примери од над 60.000 луѓе.

Истражувањата покажале дека и лицата со ниски примања можат да остварат задоволувачко ниво на среќа доколку развијат позитивни социјални контакти и ако имаат некоја цел во животот. Тие односи не мора да бидат од романтична природа, но потребно е тие да подразбираат поддршка и интимност.

Парите значително делуваат на среќата на поединци бидејќи им овозможуваат да се ослободат од стресот. Сепак, за човекот да достигне висок степен на задоволство и среќа, потребно е работата да му овозможува повеќе од финансиска сигурност.

Тоа што ги изненади истражувачите е фактот дека испитаниците среќата ретко ја воведуваат во врска со здравјето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top