| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно со голем концерт – Тамара Тодевска во „Борис Трајковски“

По долго време во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе ечи македонска музика. Тамара Тодевска, пак, за првпат ќе полни голема сала со концертот, кој доаѓа само неколку месеци по промоцијата на новиот албум.

Концертот во организација на „Горила продукција“ е закажан за во петок, 27 ноември.

За првпат по долгогодишна пауза на сцената како гостин ќе се појави Раде Врчаковски–Врчак, уникатниот Игор Џамбазов, автор на многубројни хитови на Тамара,„ ДНК“, Влатко Илиевски, Даниел Кајмакоски, Тони Зен и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на 3 ноември во сите продажни салони и места на „МК Тикетс“, салоните на „Оне“ и „Југотон“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top