| четврток, 6 декември 2018 |

„Или-или“ ги објави романите на Петешон и на Сверд

Издавачката куќа „Или-или“ ги објави романите „Одбивам“ на Пер Петешон, во превод од норвешки јазик на Искра Бадева, и „До последниот здив“ на Ане Сверд, во превод од шведски јазик на Родна Русковска.

ili-ili

 

 

По тој повод, во петок и во сабота домашните читатели ќе можат да ги набават книгите по промотивни цени во книжарницата „Или-или“ во Скопје, во рамките на Скандинавското викенд мени, во чии рамки освен новите две книги, по намалени цени ќе можат да се купат и останатите изданија од скандинавските автори.

 

unnamed

 

Ова се за 119 и 120 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на „Или-или“ со што издавачката куќа заокружува уште една година во која на читателите им ги подари и преводите на новите дела на писатели како Георги Господинов, Ханиф Курејши, Дејвид Мичел…

Илустрациите на кориците ги изработи Марија Смилевска, дијанот е на бригада.мк, а излегувањето на книгите е дел од програмата Креативна Европа на Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top