| четврток, 6 декември 2018 |

„Тимбукту“ филмот награден со „Цезар“, ја отвора сезоната на француски киноклуб

Вечерва, „Тимбукту“, филмот награден со „Цезар“ во 2015 година за најдобар филм, режија и сценарио, ја отвора новата сезона француски киноклуб во  Кинотека на Македонија. „Тимбукту“ е филм на на Абдерахман Сисако (2014), со Ибрахим Ахмед и Тулу Кики. Има 10 номинации и 11 награди, од кои „Цезар“ за најдобар филм, најдобар режисер и за најдобро сценарио.

Кидан, заедно со сопругата Сатима, ќерка си Тоја и дванаесетгодишниот овчар Исан, води едноставен и мирен живот далеку од градот Тимбукту, кој се наоѓа во рацете на религиозните екстремисти.

Жителите во градот се немоќни под режимот на џихадистите, кои како ја имаат одземено сета верба на народот.
Се чини дека Кидан и неговоте блиски се поштедени од хаосот во Тимбукту. Но, нивната судбина ќе се промени откако Кидан случајно ќе го убие рибарот Амаду и ќе мора да се соочи со новите закони на натрапниците…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top