Во наредниот еден и пол месец треба да биде потпишан договор со германската компанија „Костал“, која, според планираното, фабриката треба да почне да ја гради во првиот квартал од наредната година. Кон крајот на мај или почетокот на јуни треба да биде завршена фабриката на „ОДВ Електрик“ и таа да почне со работа. Во овие две фабрики директно ќе бидат вработени околу 2.000 луѓе, информира премиерот Никола Груевски.
„ОДВ Електрик“ ја почна изградбата на фабриката во ТИРЗ Охрид/Струга, рече Груевски и додаде дека планот е таа да биде завршена крајот на мај почетокот на јуни.
– Потоа сите сега вработени и оние кои ќе се вработат до тој период во ОДВ Електрик кои функционираат во постојната хала ќе се префрлат во новата фабрика и таму ќе продолжи вработувањето на другите луѓе. Планот е, како што знаете, да се вработат илјада лица во оваа фабрика и тоа се директни вработувања – рече Груевски одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието на Република Македонија.
Покрај ова, додаде, следува потпишувањето на договорот со Костал кое што треба да се случи во наредните месец до месец и половина.
– Веќе се утврдуваат датумите, има и прелиминарни датуми, но не би ги соопштил додека самата компанија тоа не го направи. Таа ја донесе одлуката за инвестирање во Македонија, ја објави одлуката во јавноста, веќе се подготвува за браунфилд работење и се подготвува веднаш по потпишувањето на договорот неколку месеци потоа да ја почне изградбата на нивната нова фабрика во ТИРЗ Охрид/Струга – рече Груевски.
Информира дека исто како и „ОДВ Елекрик“ и „Костал“ ќе вработи илјада луѓе, исто така, директни вработувања. Покрај тоа, рече, ќе има и дополнителен број индиректни вработувања во компаниите кои ќе бидат нивни соработници, партнери, снабдувачи…
Очекува дека градбата на гринфилд инвестицијата ќе се случи некаде во наредните месеци, помеѓу крајот на јануари и почетокот на мај, и оти компанијата точно ќе го соопшти датумот на почнувањето.
– Можам да кажам дека работите одат согласно планот со овие компании без некои сериозни доцнења или, пак, менување на плановите. Се работи за две германски компании во делот на производство на делови за автомобилската индустрија, одлично етаблирани на пазарот на делови за автомобилска индустрија кои ги снабдуваат најголемите брендови на автомобили во Европа и пошироко со делови коишто тие ги произведуваат и ќе ги произведуваат во ТИРЗ Охрид/Сруга – истакна премиерот Груевски
Паралелно со ова, додаде македонскиот премиер, Владата инвестира и работи на дооформување на зоната во смисла на доизградба на потребаната инфраструктура.
– Ние работиме и на други компании за овој регион каде што се Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца и поширокиот регион од ова, така што во добри понапредни преговори сме и со други компании. Во овој момент не можеме ниту да соопштиме ниту едно име, ниту пак да ветиме, но работиме со сите сили, работиме со целиот расположлив капацитет да ги убедиме да дојдат и да инвестираат во Република Македонија – истакна Груески.
Со ист интензитет, додаде тој, работиме и на привлекување инвеститори и за состанатите делови од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски