84 Коло на НовоЛото 7/34 донесе добивка 6+1 , вредна 241.566,50 денари. Среќниот добитник овој пат пристигна од Кавадарци во просториите на Државна лотарија на Македонија. Своите среќни броеви ги распоредил во 4 комбинации и уплатил вкупно 60 денари , во за него, среќното место СИГМА во Кавадарци.
Тој е верен лото играч е веќе 45 години , а последниве години не пропуштал ниту едно коло на НовоЛото 7/34. Редовно ги игра своите среќни броеви , кои се состојат од родендените на неговите син и ќерка , како и број на станот во кој живее и слични броеви кој за него значат многу. Досега среќата му се насмевнала неколку пати , па така имал повеќе пати 5 погодоци, но ова е најголемата добивка за него. Два пати дури му се случило и да ја загуби или заборави потврдата за уплата , која веќе била добитна, но сепак среќата повторно го нашла својот пат до Сашо Петрески од Кавадарци , кој , како што рече, и понатаму ќе продолжи да игра НовоЛото 7/34.
Инаку, пред само десетина извлекувања , поточно во 75 коло од НовоЛото 7/34 , добивката 6+1 повторно беше освоена , исто така од редовен играч на НовоЛото , од Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Освоил милиони и од шок си го заборавил сопственото име и презиме
-
Нивната среќа била со краток здив – проклетството на српските лото милионери
-
Овните да уплатат во вторник, Девиците да го пишат број 4 : Хороскопот ви открива како да добиете на лото!