Најубавата и најскапо украсена елка во светот, се наоѓа во лобито на хотелот „Emirates Palace Hotel“ во Абу Даби, кој има 302 соби. Високата е 13.1 метри, а украсена со 181 скапоцени камења, дијаманти, бисери, смарагди и сафири, сите обезбедени од Калифа Хури, сопственик на „Style Gallery“.
За декорацијата се користат и златни листови. Како и секоја друга елка, и оваа ги има традиционалните лампиони и сијалички.
– Самото дрво чини 10 илјади долари, но накитот на него чини уште 11 милиони долари, вели генералниот менаџер на хотелот, Ханс Олберц.
Елката е многу добро обезбедувана и покрај камерите, има деноноќна стража од 4 екипи кои одблизу го набљудуваат местото.
Елката е во Гинисовата книга на рекорди како најскапата елка во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.