Романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска во превод на српски јазик на Миленко и Урош Пајиќ е промовиран на Саемот на книгата во Белград, што почна на 26 октомври и ќе трае до 1 ноември.
Романот го објави издавачката куќа „Агора“. За романот на Димковска говореше уредникот на издавачката куќа Ненад Шапоња кој истакна дека „Резервен живот” спаѓа во најдобрите романи напишани не само во Македонија туку и на просторот на цела поранешна Југославија во 21. век и оти раскажувачкото мајсторство на авторката го остава читателот без здив.
На новинарско прашање најави дека наредната година Агора планира да го објави и првиот роман на Димковска „Скриена камера“. И двата романа на Димковска ја добија наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, а „Резервен живот“ и наградата на Европската Унија за книжевност во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европско книжевно признание за Лидија Димковска
-
Романот „Но-Уи“ на Лидија Димковска – национален кандидат за наградата „Балканика“
-
Наградуваниот роман „Резервен живот“ објавен во САД, авторката Димковска на американска книжевна турнеја
-
Димковска ќе ја отвори „Долга ноќ на европската литература“ во Берлин