Писателката Лидија Димковска е избрана од бордот на Европската конференција на писатели да ја отвори манифестацијата „Долга ноќ на европската литература“ која по повод Денот на Европа ќе се одржи денеска, 9 мај, во „Дојче театер“ во Берлин…
Димковска ќе прочита неколку песни на македонски јазик, а преводите на германски на Александер Зицман и на англиски на Љубица Арсовска и Пеги Рид ќе се читаат и проектираат на сцената на националниот театар.
Покрај Димковска, на читањето ќе настапат и Јарослав Рудиш од Чешка, Сјон од Исланд, Паоло Џордано од Италија, Драгана Младеновиќ од Србија, Јазра Калед од Грција, Јетон Незирај од Косово, Јана Бенова од Словачка и Серхиј Жадан од Украина.
На настанот ќе биде прочитан и заеднички манифест во однос на Европа и нејзината реалност. Овој книжевен настан е во рамките на Европската конференција на писатели што вторпат ќе се одржи од 9 до 11 мај во Академијата на уметноста во Берлин, а на која ќе учествуваат автори и професори речиси од сите европски земји. Тие ќе се обидат да одговорат на прашањето што претставува денес Европа со своите јазици, граници и имигрантски политики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европско книжевно признание за Лидија Димковска
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините