| четврток, 6 декември 2018 |

ИД планира напади врз Велика Британија, предупреди директорот на МИ5

mi5

Терористи од Исламска држава планираат напади со голем број жртви во Велика Британија, предупреди шефот на МИ5, Ендрју Паркер.

Тој истакна дека заканите од џихадисти, кои се родени или поголемиот дел од животот го минале во Велика Британија и кои сакаат да се борат на страната на ИД се на највисоко ниво во изминатите 32 години, колку што тој работи во оваа служба.

Паркер првпат призна дека МИ5 извршувала хакерски напади врз терористички мрежи, со цел да ги прекине нивните комуникации.

Во говорот посветен за безбедноста и одбрана Паркер изјави дека МИ5 спречила изминатите 12 месец шест терористички заговори во Обединетото Кралство и уште седум во странство.

Тој нагласи дека четири петини од персоналот на МИ5, што изнесува четири илјади службеници, работат на спречување на терористички напади, при што се поголем дел од нив се поврзани со Сирија и ИД.

Паркер додаде дека иако поголемиот дел од заканите кон Велика Британија доаѓаат од ИД, сепак не треба да се занемарат ниту заканите од Ал Каеда и нејзините разграноци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top