| четврток, 6 декември 2018 |

Кромидот, решение за здравствени и естетски проблеми

Сите ги знаеме благотворните дејства на кромидот, а сега ви откриваме како да го искористите за сите проблеми – од здравствени до естетски.

За главоболка, натеченост, болка во ушите и настинка, како и за воспаленија, ставете исечкан суров кромид на болното место.

За висока телесна температура, ставете исечкан кромид на стапалата.

Доколку ве каснало диво животно, ставете во облогите исечкан кромид па превиткајте ја раната.

Во случај на крвавење од нос, ставете облога од сечкан кромид на вратот.

Со помош на кромидот можете да ги излекувате и акните. Изрендајте го и помешајте го со маслиново масло, а потоа ставете на акните и оставете да отстои 1-2 часа.

Рецепт за сок од кромид

Исечкајте го кромидот и исцедете го сокот.

Ако имате проблеми со белите дробови, овој сок помешајте го со лажица мед, и земајте го 2-3 пати дневно.

За здрава коса и забрзување на растењето на косата, масирајте го скалпот со сок од кромид неколку пати дневно.

Ако ве мачи кашлица, помешајте малку сок од кромид со вода, а истото важи и за чистење на цревата од паразити.

Ако ве мачи кожна болест, втријте сок од кромид на заболеното место неколку пати дневно.

За подуен стомак, се препорачува да помешате иста количина сок од кромид и од вињак и да го испиете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top