| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобредојден совет за денес – како да го отстраните мирисот на кромид и лук од устата

Празник е, а по неколку неделноиот пост и редно е да се ужива во богата трпеза, која греота е да не се комплетира со малку (или повеќе) младо лукче и кромитче.

Уживајте во нив! За здивот потоа има неколку решенија:

1. Џвакајте свеж магдонос или листови од нане

2. Каснете моркови, печурки или зачинете го оброкот со лимон. Овие три состојки добро работат на исчезнувањето на мирисот од кромидот. Лимон исто така е добар и за отстранување на мирисот од вашите раце. Исцедете малку лимонов сок во сад со вода, исто како за после јадењето на риба.

3. Лапнете една лажица сенф и се држете го во устата околу 30 секунди. После тоа плукнете. Нацрпете уште малку сенф, но овојпат голтнете го.

4. Пијте зелен чај. Тој е познат по тоа што ги неутрализира соединенијата кои се одговорни за интензивниот мирис во лукот и кромидот . Општо земено, пијте многу течности.

5. Напијте се текила. Или две.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top