Во напуштена куќа во шумата, без струја и без вода, речиси десет години живеел 60-годишниот Тоше Лазаров од Штип. Денеска беше згрижен во манастирот „Света Недела“, каде веќе се наоѓаат 15 бездомници, пренесува агенцијата Мета.
Лазаров станал бездомник откако починала неговата сопруга, а тој останал без работа од една од пропаднатите државни фирми. За несреќата да биде поголема, доживеал и мозочен удар. По излегувањето од болница, тој бил отфрлен од своите синови. Почнал да талка по храна и за покрив, по што наишол на напуштена викендичка во близина на Штип. Лазаров раскажува дека при тоа, често бил напаѓан од диви животни, за што сведочат белези од каснувања на диви свињи и на чакали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шума на стравот: Овде синоќа е пронајдено телото на обезглавената жена (галерија)
-
Дивее пожар во ресенско, гори борова и дабова шума
-
Приведен штипјанец: Ги соблекол пантолоните пред школски двор и повикувал малолетнички да дојдат
-
Во Парк Шумата во Гази Баба: Го влечеле по земја додека не се онесвестил