| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемена е опасноста талибанците или ИД да нападнат цели во Централна Азијa

­ Руското разузнавање денеска предупреди дека има зголемена опасност талибанците или борци на Исламска држава да навлезат во Централна Азија. ­

talibanci

 

– Концентрацијата на талибански борци, а некои од нив се заколнале на верност на ИД, на северната граница на Авганистан создаваат реална опасност од инвазија, изјави директорот на руската Федерална служба за безбедност, Александар Бортников.

Авганистан има слабо обезбедување на границите со поранешните советски републики Туркменистан, Узбекистан и Таџакистан. Преку тие граници се шверцуваат наркотиците во Русија.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ситуацијата во Авганистан ја оцени како критична и апелираше до поранешните советски републики во Централна Азија да се подготват за заедничка акција за спречување евентуален напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top