Нашето тело е огледало на нашето здравје. Кожата, како најголем орган на телото, често ни испраќа сигнали за одредени здравствени проблеми кои не сме ни свесни дека ги имаме. Тоа особено се однесува на кожата на лицето, односно на промените на нејзината боја.
Во продолжение дознајте на какви здравствени проблеми може да упатува одредена боја на кожата на лицето.
Црвена
Појавата на црвена боја на лицето најчесто е само реакција на стрес, лутина, анксиозност и некоја друга екстремна емотивна состојба или, пак, храната и пијалаците кои сме ги внесле во организмот.
Но, хроничното црвенило може да биде знак за некој скриен здравствен проблем. На пределот на образите и носот истото укажува на висок крвен притисок или автоимуна болест предизвикана од зголемено ниво на кортизол во крвта.
Портокалова
Портокаловата кожа на лицето може да биде знак за проблеми со штитната жлезда и слезината. Доколку забележите ваква промена, закажете преглед на лекар.
Жолта
Жолтеникавото лице е тивко предупредување дека вашата жолчка или црн дроб не функционираат како што треба.
Зелена
Големиот внес на лекови, проблеми со дигестијата и работата на циркулаторниот систем. Зелената боја исто така може да биде знак за хипокромна анемија, односно недостаток на железо во крвта.
Оваа здравствена состојба некогаш се нарекувала клороза, бидејќи заради истата кожата добива специфична зеленкаста боја, врз основа на што се поставувала дијагнозата анемија.
Сина
Модрата кожа на одредени делови на лицето може да биде знак за цијаноза, здравствена состојба до која се доаѓа заради зголемување на концентрацијата на хемоглобин во телото, што предизвикува недостаток на кислород.
Метемоглобинемијата е наследна или стекната болест која ја предизвикува метемоглобинот, хемоглобин кој на себе не го врзува кислородот и на тој начин предизвикува сина боја на кожата.
Бела и бледа
Бледото лице и образи се знак за ослабени жлезди и неактивен црн дроб. Освен на анемија, оваа појава упатува и на ослабен имунолошки систем. Белите дамки на лицето може да претставуваат знак за проблеми со бубрезите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2019 година!
-
Ако сте родени во знакот на лав, имате причина за радост: Најмногу милијардери се родени во овој хороскопски знак
-
Лицето покажува што јадете погрешно: Вино-црвенкаста кожа, глутен-отечени образи, шеќер…
-
Ќе пливаат во пари – крајот на септември носи голема добивка за овие три хороскопски знаци