Десеттата победа во домашното првенство ја забележа водечкиот двоец Вардар и Шкендија во денешните натпревари од 12. коло, а растојанието е исто, еден бод во корист на „црвено-црните“ од Скопје. Вардар го победи Младост Царев Двор со 1-0 со голот од пенал на Фелипе во првото полувреме и остана на врвот со 30 бода.
Шкендија е на втората позиција со 29 по денешната победа од 2-0 против Металург. Во првиот дел Радески и Ибраими беа прецизни, доволно за нови три бода.
Во останатите три меча немаше победник, а ремизираа Работнички и Ренова (1-1) идентично како и Силекс и Турново, додека на дуелот меѓу Шкупи и Брегалница немаше голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандев: Горд сум, овие момци можат да се носат со најсилните во лигата
-
Горан Пандев со музика и песна го прослави пласманот во првата лига на својот клуб
-
Голем инцидент во Хрватска: Маскиран хулиган влета на терен за да се пресмета со судијата (ВИДЕО)
-
Струмица се засилува со поранешните репрезентативци Брчков и Зивчевиќ