Управниот одбор на Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека седум кандидати ќе се борат во трката за наследник на претседателот Сеп Блатер.
Јорданскиот принц Али бин Хусеин, претседателот на Либерискиот фудбалски сојуз Муса Билити, поранешниот дипломат Жером Шампањ, портпаролот на УЕФА, Џани Инфантино, претседателот на УЕФА, Мишел Платини, претседателот на азискиот фудбалски сојуз Шеик Салман и јужноафриканскиот бизнисмен и поранешен соработник на Нелсон Мандела, Токио Сексвале се седумте кандидати за претседателското столче на ФИФА.
Телата во ФИФА задолжени за избор на нов претседател веќе ги разгледуваат кандидатурите и единствено спорна е онаа на првиот човек на УЕФА, Мишел Платини кој е суспендиран од функцијата на 90 дена поради матните зделки со Сеп Блатер.
Изборите за нов претседател на ФИФА ќе се одржат на 26 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.