Жена е лишена од слобода откако е обвинета дека нејзиниот сопруг го држела како куќен затвореник. Меѓутоа, тоа не е единствената точка на обвинението. Имено, таа наводно и го силувала нејзиниот сопруг.
Четириесет годишна жена, идентификувана само по презимето Шим 29 часа го држела нејзиниот сопруг Ким како куќен затвореник во нивната куќа во Сеул (Јужна Кореја).
Ова е прв пат жена да биде обвинета за силување откако јужнокорејскиот Врховен суд го признава силување во бракот како злосторство, односно од мај 2013 година.
Шим, според наводите, го заробила и силувала сопругот за да добие докази кои и биле потребни за бракоразводната парница, кажал адвокатот на обвинетата.
На почетокот на оваа година судот ја ослободил првата жена во Јужна Кореја која била обвинета за обид за силување. Четириесет и пет годишната жежна признала дека го врзала партнерот и го удирала со чекан, но изјавила дека не планирала да го силува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.