Вооружените борци, кои се враќаат од „жешките точки“ на Блискиот исток и авганистанско-пакистанската зона, и се закнуваат на безбедноста на земјите од ЗНД (Заедница на независни држави), денеска во Москва пред првите луѓе на тајните служби и високи разузнавачи на државите членки на ЗНД изјави директорот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников, пренесе ТАСС.
На средбата како набљудувачи присуствуваа и партнерите на ФСС од европските земји, прецизира агенцијата.
-Со усвоените знаења за конспирација, за користење на минско-експлозивни направи и борбени дејствија во градски услови, овие луѓе формираат автономни борбени ќелии, подготвени за терористички атентати и диверзии. Целта на терористите и оние кои ги раководат е да ја дестабилизираат ситуацијата во државите од ЗНД, подвлече Бортников.
Одлуката на Русија да одговори на молбата на сириското раководство за воена поддршка против терористите „е донесена посебно за да се спречи масовното враќање на бандитите во нивните земји на потекло“, рече тој и напомена дека сириската операција на Москва веќе дава „значителни резултати“.
-Освен што со сила ги задушуваат жариштата на тероризмот надвор од територијата на Русија, руските тајни служби и органите на редот полагаат големи напори и во борбата против терористичката опасност во самата федерација, истакна Бортников.
Тој потсети дека неодамна во Москва беа деактивирани големи ќелии на групите Исламска држава и „Хизб-ут-Тахрир“, во кои биле вклучени и граѓани од ЗНД.
Токму заради ваквите случаи шефот на ФСС повика на поактивна размена на брзи информации за личните податоци, планови и помагачи на терористите.
Во терористичките структури на ИД во моментов се борат луѓе од над 100 држави и делот на овие наемници во нив е 40 отсто, покажуваат руските проценки, цитирани од Бортников.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Овие десет држави ќе ги нема за 100 години (видео)
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто